Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг го прими поранешниот државен секретар на САД, 100-годишниот Хенри Кисинџер, иницијатор на историското зближување меѓу Кина и САД во 1970-тите.
Средбата, како што јави кинеската државна телевизија, доаѓа во момент кога односите меѓу двете земји се на најниско ниво, и покрај неодамнешната серија дипломатски посети на САД.
Кисинџер тајно отпатува во Пекинг во јули 1971 година за да изгради врски со комунистичка Кина, отворајќи го патот за историската посета на американскиот претседател Ричард Никсон на Пекинг во 1972 година.
Јавната телевизија ЦЦТВ не даде детали од разговорот, но информира дека поранешниот американски државен секретар бил примен во истата просторија каде што работел на зближување со Кина пред 50 години, во Диаојутаи, државниот замок на кинеската влада во Пекинг.
Кисинџер вчера се сретна со кинескиот функционер Ванг Ји.
– Политиката на САД за Кина има потреба од дипломатска мудрост како онаа на Кисинџер и политичка храброст како онаа на Никсон, му рече Ванг на својот гостин.
Поранешниот државен секретар завчера се сретна со кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу, кој е под американски санкции.
Кисинџер, кој наполни 100 години на крајот на мај, ја доби Нобеловата награда за мир. Откако ја напушти политиката, тој беше вклучен во советување на компании кои инвестираат во Кина.
Тогаш тој предупреди на заострување на американската политика кон Пекинг.