четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Си-Ен-Ен“ се сели од своето долгогодишно седиште во Атланта

„Си-Ен-Ен“ се сели од своето долгогодишно седиште во Атланта

 

Американската компанија „Си-Ен-Ен“ до крајот на годината ќе се исели од „Центарот Си-Ен-Ен“, нејзиното долгогодишно седиште во центарот на Атланта.

Водителките на таа кабелска телевизија кои работат во работните денови, веќе се преселиле во Њујорк или Вашингтон, но дигиталните и меѓународните сервиси на „Си-Ен-Ен“ се уште се во Атланта.

Портпаролката Бриџит Ланингер потврди дека остатокот од персоналот и операциите на компанијата во Атланта етапно до крајот на годината ќе се преселат во кампусот на „Техвуд Тарнер“, исто така во центарот на градот.

Во 2021 година, претходната матична компанија на „CNN – AT&T“ го продаде „Центарот Си-Ен-Ен“ за речиси 164 милиони долари на две компании за недвижнини со седиште во Флорида.

Засега не се знае што ќе биде со другите субјекти што имаат изнајмен простор во објектот.