сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Си ги убила трите мали ќерки: Злосторство на мајка монструм го вознемири светот

Си ги убила трите мали ќерки: Злосторство на мајка монструм го вознемири светот

Полицијата во Хонг Конг денеска уапси жена осомничена за убиство на нејзините три ќерки.

-Три девојчиња на возраст од две, четири и пет години веќе биле мртви кога полицијата пристигнала во нивниот стан, на повик на жена која им рекла дека сопругот ги убил, пренесува АП.

Полицискиот надзорник Алан Чунг изјави дека парот бил разделен околу една година и верува дека жената е одговорна за убиствата.

Тој изјави дека на телата на децата не биле пронајдени рани, а на местото на настанот не биле пронајдени остри предмети или дрога, туку била пронајдена крвава перница која најверојатно била употребена за задушување на децата.

Тој додаде дека полициската истрага покажала дека случајот е поврзан со семејно насилство.