Суд во Сицилија осуди на затворски казни 91 член на организирана криминална група која ги оштетила земјоделските фондови на Европската Унија за пет милиони евра.
Судот во Пати пресуди во тужбата поднесена минатиот март против членовите на организацијата обвинети за измама и уцена со цел да добијат помош од ЕУ за пасиштата.
Со пресудата, 91 член на групата се осудени на затворски казни од две до 30 години, додека десет обвинети се ослободени.
Извештаите на локалните медиуми за случајот посочија дека меѓу 2010 и 2017 година, 150 компании ја измамиле ЕУ за околу пет милиони евра за пасишта, вклучително и земјишта кое постојат само на хартија.