вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сијарто: Унгарија ја чекаат неколку тешки битки – миграцијата е врв на владината агенда

Сијарто: Унгарија ја чекаат неколку тешки битки – миграцијата е врв на владината агенда

Унгарија во наредните неколку месеци ќе мора да води неколку тешки битки, а на врво останува проблемот со миграцијата, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Тој вели дека најпрво тоа е дебатата во јуни во Брисел на која ќе се расправа за бегалските квоти, но оти освен проблемот со миграцијата кој останува на врвот на владината агенда, ќе уследат и двојни напори за доведување на нови странски инвестиции.

Тој за унгарските медиуми рекол дека парламентарните избори кои се одржаа во неделата му дадоа голем мандат на премиерот Виктор Орбан, но и голема одговорност и јасно дефинирани цели.