Силен ракетен напад е извршен денеска врз Ерусалим и Тел Авив, принудувајќи ги пратениците од Кнесетот сред седница да мора да одат во засолништа.
Сирените за воздушен напад се огласија во Ерусалим и Тел Авив, а членовите на палестинската милитантна група Хамас од Појасот Газа лансираа ракети со долг дострел.
Тајмс оф Израел“ наведува дека ова е веројатно најголемата канонада од баражен ракетен оган од првиот напад на Хамас на 7 октомври. Неколку силни експлозии се слушнале во двата најголеми града во Израел, но засега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Седницата на Кнесетот, на чиј почеток зборуваше премиерот Израел, Бенјамин Нетанјаху, е одложена, а пратениците и останатите присутни отидоа во засолништа. (МИА)