вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силен тајфун ги погоди Филипините

Силен тајфун ги погоди Филипините

Тајфунот „Рај“ денеска го погоди централниот дел на Филипините, пренесоа новинските агенции, повикувајќи се на националната Метеоролошка служба на оваа азиска земја.

Повеќе од 82.000 луѓе се испратени во центрите за евакуација пред да се приближи тајфунот.

Наставата е откажана, многу установи се затворени. Во 11 часот по локално време брзината на ветрот изнесувала 51 метар во секунда, на моменти и до 64 метри во секунда. Епицентарот на тајфунот се наоѓа на околу 180 километри источно од провинцијата Северен Суригао и се движи на северозапад.

„Рај“ е т.н. супер тајфун, споредлив по јачина со ураганите од петта категорија во САД. Низ светот, секоја година се формираат по околу пет такви циклони.