Шест лица, меѓу кои четири деца, загинаа вчера кога во услови на бура, ветер го урна металниот покрив на основно училиште во северниот дел на Тајланд.
Официјални лица објавија дека 18 лица се хоспитализирани. Како што наведоа, загинаа еден родител, чистачка во училиште и четири деца.
Учениците побарале засолниште од временските услови под покривот на центарот за специјални активности во училиштето, кој се урна, соопшти канцеларијата за заштита од природни катастрофи во провинцијата Фишит.
Метеоролозите претходно предупредија дека неделава обилни дождови ќе ги погодат северните делови на Тајланд, а вчера беше официјалниот почеток на сезоната на дождови во оваа јужноазиска земја.