вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силните бури во Индија за еден месец усмртија 278 луѓе

Силните бури во Индија за еден месец усмртија 278 луѓе

Силните бури, необични по квантитет и моќ, предизвикаа смрт на 278 луѓе во шест држави во Индија од 11 април, што е значително повеќе во однос на 2017 година, кога загинаа 197 лица, пишува „Тајмс оф Индија“.

Според податоците на весникот, кој се повикува на локалните власти и метеоролошката служба, во текот на првите недели на мај, жртви на стихиите биле 223, а во април  55 лица.

Локални метеоролози претпоставуваат дека причините за силните природни феномени најверојатно се климатските промени.