четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силвио Берлускони хоспитализиран 

Силвио Берлускони хоспитализиран 

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е задржан в болница, објавија италијански медиуми.

„Кориере дела сера“ наведува дека состојбата на 82-годишниот Берлускони засега не е позната, додека „Република“ се повикува на неименувани извори и пишува дека тој е префрлен во миланската болница „Сан Рафаеле“ поради болки во абдоменот.

„Република“ претходно објави дека Берлускони е примен в болница поради болки во бубрезите.