Серијата која ја креираше Мет Гроунинг е повеќе од 3 децении на екраните, а за првпат се емитуваше на 17-ти декември 1989 година, што ја прави најдолговечната американска ТВ серија во ударен термин.
Една од најпознатите анимирани серии „Симпсонови“ повторно ги потврди своите прескажувачки способности, бидејќи во епизода од 2015 година ја претскажува кандидатурата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за иден претседател на изборите во 2024 година.
Трамп соопшти дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година.
Еден од сценаристите на анимираната серија „Симпсонови“ Ал Џин, објави на твитер фотографија од кадарот од една епизода во 2015 година, во која се наоѓаат Хомер Симпсон и плакат со „Трамп 2024“).
„Како што претскажавме во 2015 “, напиша тој под фотографијата.
Инаку, 2015 година е годината кога Трамп првпат се канидираше за претседател на САД.
.@TheSimpsons As predicted in 2015 pic.twitter.com/BQEbCXAyy2
— Al Jean (@AlJean) November 16, 2022
Авторите на серијата „Симпсонови“ во минатото во повеќе наврати предвидоа некои глобални случувања, па многумина веруваат во нивната видовитост.
Така, на пример, во 2000 година во САД во епизодата „Барт гледа во иднината“, прикажано е дека Трамп, кој во реалноста во 2016 година, го завршува својот фиктивен мандат и ја уништува Америка.