Во Штутгарт е уапсен 28-годишен Сириец кој на сред улица со меч убил 36-годишен маж, јавуваат германските медиуми.
Според Билд, убиецот и убиениот човек биле цимери.
Убиениот човек е Германец со казахстанско потекло, а мотивот за убиството засега не е познат.
Откако го убил цимерот со меч среде улица, Сириецот избегал од местото на злосторството со велосипед.
Случаен минувач снимил сè.