вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сириец уапсен во Германија поради планирање терористички напад

Сириец уапсен во Германија поради планирање терористички напад

Дваесет и осумгодишен Сириец, кој дошол во Германија како бегалец, беше приведен под обвинение дека планирал терористички напад, соопшти денеска германската полиција.

Мажот учествувал во сириската граѓанска војна, што започна во 2011 година. Тој во 2015 година дошол како бегалец во Германија, но во 2017 година се вратил во Сирија.

Сириецот бил приведен на 20 февруари на аеродромот во Франкфурт, при обидот одново да влезе во Германија со лет од Истанбул.

Приведениот е обвинет дека е член на терористичка организација. Се претпоставува дека тој се зачленил во исламиситчката група Ахрар ал Шам во 2013 или во 2014 година. Повеќе детали за приведувањето и за неговите терористички планови не се соопштени.