Најмалку 13 лица загинаа во борбите меѓу поддржувачите и противниците на владата во југозападниот дел на Сирија, соопшти денеска Сирискикот центар за мониторинг на човековите права, пренесе ДПА.
Локалните жители за ДПА изјавија дека доцна синоќа дошло до размена на оган и артилериско гранатирање во југозападната провинција Свеида.
Според локалните медиуми, тамошните бунтовници почнале борби против лидерот на провладината единица поддржана од сириското воено разузнавање. Според информациите, во борбите на двете страни има жртви и повредени.
Конфликтот во Сирија почна во пролетта 2011 година со протести против владата на претседателот Башар ал Асад, на што власта реагираше со насилство.
Поддржувачите на шефот на државата сега повторно контролираат околу две третини од земјата. Меѓутоа, се уште не е на повидок политичко решение на конфликтот во земјата.