Сириските бунтовници денеска го прифатија договорот да ја напуштат енклавата кај градот Хомс, изјави еден нивни претставник.
Неименуваниот претставник на бунтовниците во провинцијата Хомс рекол дека договорот, во кој посредувала Русија, ќе овозможи таму повторно да се воспостави државна власт, како и дека борците ќе го предадат тешкото оружје.
Според него, борците и цивилите кои не сакаат да останат во таа енклава ќе бидат префрлени на територија на бунтиовниците на север кај турската граница, а евакуацијата би требало да почне во сабота.
Таа бунтовничка енклава ги вклучува градовите Хула, Растан и Талбисех, како и околните села, на главниот автопат меѓу Хомс и Хама.
Се уште нема потврда од Дамаск или Москва за овој договор.
МИА