сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сирски: На боиште доаѓаат се подобро обучени руски војници

Сирски: На боиште доаѓаат се подобро обучени руски војници

Генерал Олександер Сирски, командант на украинските копнени сили, изјави дека на боиште доаѓаат се подобро обучени руски војници, по неодамнешната мобилизација која ја спроведе Москва.

За националната телевизија тој истакна дека мобилизацијата ја зголемила воената закана на Русија во Украина, но дека Москва моментално користи многу стара опрема, бидејќи има огромни проблеми со обновата на залихите.

– На источното боиште ситуацијата е многу напната, непријателот секојдневно ги напаѓа нашите единици. Ваков број војници ја зголеми заканата за нас и тоа не се само зборови – тоа се нови бригади, нови баталјони кои се обучени, ова е дополнение кое војската го чекаше, бидејќи беше исцрпена, одговори Сирски на прашање за последиците од мобилизацијата која Москва ја нареди во септември.

– Тие кои сега доаѓаат подобро се обучени од тие кои претходно беа испраќани на фронт, додаде Сирски.

Сепак, тој посочува дека наспроти зголемената закана руските сили бавно напредуваат околу градот Бахмут во кој моментално се водат најтешките борби.