среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Скот Морисон нов премиер на Австралија

Скот Морисон нов премиер на Австралија

Австралискиот министер за финансии Скот Морисон ќе биде нов премиер на таа држава откако денеска доби поддршка на интерно гласање за лидерство на Либералната партија.

Изборот на Морисон е релативно изненадување за поранешниот министер за внатрешни работи Питер Дутон кој водеше конзервативен бунт против досегашниот премиер Малколм Турнбул.

На интерното гласање во партијата, Морисон доби 45 гласови, а Дутон 40. Кандидат беше и министерката за надворешни работи, Џули Бишоп, но беше елиминирана во првиот круг.

Турнбул побара гласање во партијата откако прими петиција во која се бара негово заминување, потпишана од мнозинство од Либералната партија.

Морисон ќе биде седми австралиски премиер за 11 години. Ниту еден шеф на владата од 2007 година не издржа цел мандат.

(Миа)