вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Катастрофата е пред врата, доаѓа ураганот претставен како чудовиште (ВИДЕО)

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Катастрофата е пред врата, доаѓа ураганот претставен како чудовиште (ВИДЕО)

Ураганот Флоренс се приближува до источниот брег на САД. Како што пишува “CNN”, започнале жестоки ветрови проследени од дожд кои дуваат со брзина од 60 и 120 километри на час.

Утрово Флоренс минал на 350 километри источно од Јужна Каролина, а на крајот на денешниот и почетокот на утрешниот ден би требало да се приближи до бреговите на Северна и Јужна Каролина.

Иако ураганот Флоренс благо ослабел, метеоролозите предупредуваат дека истокот на САД и натаму го чека катастрофа од невидени размери.

-Не ме интересира ни дури ако ураганот ослабе до категорија 1, рекол метеорологот на “CNN”, Чед Маерс. “И натаму не чека олуја од категорија 4 и голема катастрофа”, додал тој.

Се очекува дека ураганот над Северна и Јужна Каролина ќе беснее цели три дена, се до недела.

“Со останување си ги ризикувате животите”

Американските власти дале јасно и недвосмислено предупредување до сите кои се наоѓаат на патот на силниот ураган Флоренс, јавува “CNN”. Предупредувањето гласи – бегајте од ураганот и тоа веднаш!

-Со останување си го ризикувате животот. Не планирајте да тргнете кога ќе почне дождот и ветерот, рекол гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер. Речиси идентична порака пратил и неговиот колега од Јужна Каролина: “Евакуирајте се. Ако тоа не го направите, оставени сте сами на себе”.

Властите забраниле сообраќај преку мостот во насока на островот на кој се наоѓа градот Каролина Бич, а воведен е и 24-часовен полициски час. Властите се загрижени поради фактот дека од околу 6.300 жители на тој град, 1.000 одбиле да ги напуштат своите домови, што е загрижувачки за град кој се наоѓа на помалку од два метри надморска висина.

“Нашиот состав за одбрана од поплави е солиден, но сепак нема да издржи таква навала на вода. Поплавата е речиси извесна”, рекол градоначалникот на Каролина Бич, Џо Бенсон.