петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Слична трагедија како во Македонија: Во автобуска несреќа загинаа најмалку 28 лица (ВИДЕО)

Слична трагедија како во Македонија: Во автобуска несреќа загинаа најмалку 28 лица (ВИДЕО)

Најмалку 28 туристи загинаа во сообраќајна несреќа во автобус на португалскиот остров Мадеира.

Несреќата се случила во 19.30 часот , кога воизачот од непознати причини изгубил контрола над патничкиот автобус и слетал од патот. Сите загинати се од германска националност, наведуваат локалните власти. Пожарникари и екипи на итната помош се на самото место.

Според изјавата на градоначалникот на местото Санта Круз, Фелипе Соуза , загинале 17 жени и 11 мажи , а групата била отседната во блискиот хотел. Во автобусот имало 57 туристи.