Слон усмрти туристка од Германија во националниот парк во Зимбабве додека се обидувала да го фотографира.
Четириесетидеветгодишната жена починала неколку часа откако слонот ја прегазил во Националниот парк Мана пулс.
Германката била со група туристи на влезот од паркот кога наишле на стадо слонови.
Портпаролот на паркот изјави дека посетителите секогаш се предупредуваат да бидат оддалечени од дивите животни.