петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Словачка го продолжи ембаргото за украинските житарки до крајот на годината

Словачка го продолжи ембаргото за украинските житарки до крајот на годината

Словачка синоќа соопшти дека ќе го продолжи ембаргото за украинските житарки, пркосејќи и на Европската комисија, која вчера одби да ги продолжи ограничувањата и ги укина. Одлуката на Братислава уследи откако и Унгарија и Полска соопштија дека ембаргото во тие земји останува во сила.

Словачката влада соопшти дека „одлучила да го забрани увозот“ на украински житарки „на национално ниво до крајот на годината“.

Словачка, Полска, Унгарија и Романија бараа ограничувањата наметнати од ЕУ да останат во сила поради штетите што ги трпат нивните земјоделци бидејќи украинската храна, извезена низ четирите земји, ги намалува цените на домашните земјоделски производи.