понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Словенците масовно продаваат поплавени автомобили

Словенците масовно продаваат поплавени автомобили

Во неодамнешните поплави во Словенија, водата оштети многу автомобили.

Сопствениците на овие возила последниве денови ги продаваат забрзано, дури и повеќе од половина поевтино, пишува Бизнис.рс. Сепак, се поставува прашањето дали е препорачливо да се купи таков автомобил.

Неодамна на најголемиот словенечки интернет портал за продажба на возила, Avto.net, се најдоа бројни поплавени автомобили. Продавачите на возила може да наведат дека автомобилот е поплавен при објавувањето.

Во моментов на страниците се нудат повеќе од 90 возила, вклучувајќи ги и оние што се во возна состојба, како и оние што не се. Цените на тие автомобили често се и повеќе од 50 отсто пониски од цените на возилата кои не биле потонати, пишува N1 Словенија.

Автомобилските експерти велат дека е подобро да се избегнува купување на таков автомобил. Но, важно е и за каков автомобил се работи, а пред се колку и до каде стигнала водата.

Ако е стара кола со помалку електроника, проблемот може да биде помал, но ако е понова кола, проблемот е поголем. Особено ако водата навлезе во самиот автомобил.