„За омразата и насилството на верска основа нема место во нашето општество“, рече Сешнс, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека овие наводни злосторства се за осуда и се во спротивност со вредностите на американската нација. Напаѓачот Роберт Бауерс (46) вчера влезе во синагога и отвори оган врескајќи „Сите Евреи мора да умрат“.
Во времето на нападот во синагогата имало околу 100 луѓе. Меѓу повредените има и полицајци.