Жестината на протестот на „Жолтите елеци“ кој се одржува во Париз беше очекувана и не изненади никого. Една снимка посебно докажува какви тензии владеат на улиците на француската престолнина.
Камерман со гас маска се нашол во центарот на судирот на демонстрантите и полицијата и тоа баш во моментот кога органите на редот фрлиле големи количини на солзавец.
Снимателот во еден момент истовремено ги снимал нередите и им помагал на демонстрантите зашеметени од солзавецот.