понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Снимка од сиот ужас низ кој минуваат спасувачите на Тајланд- погледнете колку е оваа акција опасна (ВИДЕО)

Снимка од сиот ужас низ кој минуваат спасувачите на Тајланд- погледнете колку е оваа акција опасна (ВИДЕО)

Спасувачите на Тајланд имаат многу тешка задача пред себе, тесни и мрачни тунели низ кои мора да се провлечат, само за да стигнат до децата заробени во пештерата. Враќањето е уште потешко.

Не само што мораат само повторно да се провлечат низ матната вода и непристапниот терен, туку и мораат на површина да ги извлечат децата кои не знаат да пливаат.

Ова видео најдобро прикажува колку е опасен патот до површината.

Низ тунелите, нуркачите ги водат децата врзани со јажиња. Засега 8 деца биле изведени на површина, а во пештерата останале уште четири деца и нивниот тренер.

Акцијата за спасување ќе трае и утре, а дали тогаш и ќе заврши, зависи од брзината со која ќе се вадат децата.