петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Снимка поради која Германците побеснеа: Манијак бркал луѓе по улица и ги гаѓал со ракети (ВИДЕО)

Снимка поради која Германците побеснеа: Манијак бркал луѓе по улица и ги гаѓал со ракети (ВИДЕО)

Германската јавност е огорчена поради снимката која се појавила на социјалните мрежи, а извршителите на инцидентот уште не се откриени.

Непознатите напаѓачи во Бон кон случајните минувачи испукувале ракети од автомобил во движење.

На снимката која некој ја снимил од прозор на зградата во близина, се гледа BMW од чие совозачко место се пукаат ракети во луѓето кои бегаат.

“Изгледа дека снимката е автентична. Се сомневаме дека станува збор за црвено BMW”, рекле од полицијата.

Снимката се појавила во саботата на социјалните мрежи, а во полицијата велат дека никој ништо не им дојавил, што им е чудно. Во Германија голем број на безбедносни сили биле мобилизирани поради потенцијални терористички напади, а овој случај ги разбеснил јавноста и медиумите. За среќа, никој не настрадал.