Едвард Сноуден, поранешниот работник во ЦИА и Националната безбедносна агенција кој е познат по откривањето на масовниот програм за прислушување, ги истражил длабочините на американските разузнавачки служби и може да потврди дали некои теории на заговор се точни или не, барем така тврдат светските медиуми за него.
Сноуден, кој сега живее во Русија, имал пристап до некои од нејстрого чуваните тајни, па тргнал во потрага по одговори на некои прашања кои сакаа да ги знае целиот свет.
Се утврдило дека американската влада сепак не е свесна за постоењето на било која форма на интелигентен, вонземски живот.
-Колку што јас можам да кажам вонземјани никогаш не ја контактирале Земјата или барем не американските разузнавачи. Имав пристап до мрежите на НСА, ЦИА, војската, сите тие групи. Не можев ништо да најдам. Ако е тоа скриено, а може да биде, тогаш е тоа проклето добро скриено, дури и од луѓето кои се внатре, пишува Сноуден во своите мемоари „Permanent Record“.
Тој проверил и дали навистина Американците слетале на Месечината.
-Ако тоа се прашувавте – да, човекот навистина слетал на Месечината. Климатските промени се вистините, теоријата на завера за трагите на авионите, не е, наведува тој.