четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сомнеж за појава на ебола во Шведска

Сомнеж за појава на ебола во Шведска

 Едно лице е хоспитализирано и ставено во карантин во Универзитетската болница во шведскиот град Упсала, поради сомнеж дека е заразено со вирусот на ебола, соопштија денеска шведските власти.

Лицето првично било примено во болницата во градот Енкепинг, а потоа било префрлено во Упсала.

Ургентниот центар во Енкепинг е затворен, а состојбата на персоналот, кој бил во контакт со пациентот, се следи, се наведува во соопштението на шведските власти.

МИА