Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го напуштија членови на неговата канцеларија поради неговата блискост со рускиот претседател Владимир Путин, јавија германските медиуми. Албрехт Фанк, кој пишуваше говори за поранешниот канцелар повеќе од 20 години, прв ја напушти позицијата шеф на кабинетот на поранешниот канцелар Шредер. После тоа, останатите тројца вработени ја напуштиле канцеларијата на Шредер, јавуваат германските медиуми.
Сите четворица се вработени во канцеларската канцеларија, а досега беа на располагање на поранешниот канцелар.
Причината за заминувањето на Фанк и другите членови на канцеларијата е „несогласување во ставовите за рускиот напад врз Украина“. Фанк наводно му препорачал на Шредер што поскоро да се дистанцира од Владимир Путин и да ги напушти сите позиции во рускиот државен концерн Роснефт.
Во четвртокот Шредер побара од Москва што поскоро да ја прекине војната во Украина, но непосредно пред тоа ја обвини Украина за „покажува на оружјето“.
Минатата година канцеларијата на Шредер ги чинела даночните обврзници 407.000 евра.
Медиумите шпекулираат за висината на приходот што Шредер го остварува со ангажирање на бројни позиции во руските нафтени компании како Роснефт или Северен поток-2.
Шредер е познат како близок пријател на Владимир Путин, а неговата изјава во која тој го опиша рускиот претседател како „чист демократ“ често беше цитирана во германските медиуми.