Состојбата на чешкиот претседател Милош Земан кој итно беше пренесен на инатензивна нега во Централната воена болница во Прага е стабилизирано, соопшти портпаролот на болницата Јитка Зинке.
На прашањето дали потврдува или демантира дека претседателот е опериран, Зинке вели дека не може да каже бидејќи нема и нема да има други информации.
Во Чешка расте огорченоста бидејќи Канцеларијата на Земан крие информации од јавноста. Од 22 септември кога тој е пуштен од болница по оум дена лекување, од Канцеларијата тврделе дека тој бил само исцрпен и дехидриран.
Дури во петокот кога почнале парламентарните избори во Чешка, а Земан не се појавил на гласачкото место, портпаролот Јиржи Овчачек признал дека тој е болен.
Чешкиот претседател е церемонијална фигура на политичката сцена во земјата бидејќи главните одлуки ги носат владата и парламентот, додека единствен важен момент е оној по избори кога се врачува мандатот за состав на владата.
-За тоа дали здравјето му дозволува да ја извршува својата функција прашајте го неговиот портпарол. Лекарите на претседателот кажаа што имаа да кажат и денеска нема да излегуваат пред медиумите, изјави портпаролот на болницата.