Советот за безбедност на ОН гласаше за завршување на децениската мировна мисија во Мали. Одлуката доаѓа по повикот од пред две недели на воената хунта во оваа западноафриканска земја за „итно повлекување“ на 13.000 странски војници. Инсистирањето беше дадено преку министерот за надворешни работи на Мали, Абдулаје Диоп на 16 јуни.
На крајот на мисијата на ОН во Мали, MINUSMA, претходеа повеќегодишни тензии и ограничувања од страна на локалната власт, што ја попречи мировната операција по копно и воздух, особено откако африканската земја се здружи со руската приватна воена групација Вагнер во 2021 година.
Советот за безбедност на ОН усвои резолуција подготвена од Франција, според која утре, сабота, треба да започне „престанокот на операциите како и уредното и безбедно повлекување на воениот персонал со цел да се заврши целиот процес до 31 декември 2023 година.”
САД изразија загриженост за дестабилизирачките активности на „Вагнер“ во Африка и го обвинија Евгениј Пригожин дека придонел за протерувањето на силите на ОН од Мали.
Во Вашингтон имаа информации дека преодната влада на африканската земја од крајот на 2021 година на „Вагнер“ му платила повеќе од 200 милиони долари. Ова за медиумите го изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.