сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасени 26 патници, познато зошто се урнал авионот во Танзанија

Спасени 26 патници, познато зошто се урнал авионот во Танзанија

Мал патнички авион во кој биле 49 лица се урна во езерото Викторија во Танзанија додека се обидувал да слета на аеродромот во Букоби.

Локалните власти соопштиле дека 26 лица од авионот се спасени и пренесени во болница.

-Успеавме да спасиме голем број луѓе, изјавил командирот на полицијата, Вилијам Мвампагале.

Авионот, според информациите кои ги пренесуваат светските медиуми, се урнал поради бура проследен со силен дожд. На видео снимките кои се објавени се гледа дека авионот речиси потонал во езерото.

Спасувачките екипи се уште се на терен.