петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасени двајца рибари, три недели поминале на море

Спасени двајца рибари, три недели поминале на море

Туристички брод спаси двајца рибари од Костарика, кои околу три недели плутале на море.

Рибарите се спасени од туристичкиот брод „Царица на морето“ во петокот навечер помеѓу островите Гранд Кајман и Јамајка.

Не било предвидено туристичкиот брод да плови по таа траса, но го сменил правецот поради лошото време.

Рибарите ја напуштиле Костарика на 1 декември, а плутале во чамец по морето бидејќи заспале и останале без бензин.

Двајцата спасени на бродот добиле медицинска нега. (МИА)