Спасувачките екипи извлекоа пет лица од под урнатините на ракетираната зграда во украинскиот град Часив Јар, а се трага по уште 24 луѓе.
Во синоќешниот рускиот напад врз Часив Јар погодена е петкатна станбена зграда, при што загинаа најмалку 15 лица.
Часив Јар се наоѓа на околу 20 километри југоисточно од Краматорск, град кој се очекува да стане значајна цел на руските сили во нивната офанзива на запад.