петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Спасувале момче, а потоа влегле во смртоносен вртлог: Шест нуркачи ги изгубија животите во ужасна трагедија (ФОТО)

Спасувале момче, а потоа влегле во смртоносен вртлог: Шест нуркачи ги изгубија животите во ужасна трагедија (ФОТО)

Шест нуркачи се удавија додека се обидуваа да спасат тинејџер од јама во напушен рудник во Малезија.

Тие барале 17 годишно момче кое паднало во вода додека ловел риба со пријателите.

Нуркачите биле фатени во вртлог каде изгубиле дел од опремата. Потрагата за момчето во меѓувреме продолжила.

Според Абдулу Азиз Алију, шефот на полицијата на округот Сепанг, каде несреќата се случила, нуркачите ја носеле цела потребна опрема и биле врзани за едно јаже.

Азис изјави дека силната струја ги одвлекла во вртлог, поради што изгубиле и дел од опремата.

-Во тоа подрачје се формирал вртлог и тим на брегот видел како нуркачите се мачат да излезат од него, раскажал за „Њу стрејтс тајмс“ Мухамед Хамдан Вахид, кој бил на чело на пожарникарите.

Нуркачите минале 30 минути во вода пред конечно да ги извлечат без свест, но било прекасно.

Официјалните власти во Малезија изразиле жалење поради трагичната случка.