среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спречено киднапирање на германскиот министер за здравство, приведена жена

Спречено киднапирање на германскиот министер за здравство, приведена жена

Германската полиција ја уапси Елизабет Р., која обвинителството ја сомничи дека е лидер на терористичка група чија цел била да ја дестабилизира Германија, да ја собори владата и да киднапира министер.

Таа терористичка група планирала да оштети и уништи постројка за снабдување со електрична енергија, а планирала да го киднапира и министерот за здравство Карл Лаутербах.

Групата се нарекува себеси „Обединети патриоти“, а Елизабет Р. имала водечка улога во административниот дел на таа терористичка организација, која беше разоткриена во април, соопшти обвинителството во Карлсруе.

Таа била задолжена за координација и спроведување на плановите, учествувала во набавката на оружје и барала што побрзо спроведување на плановите.

Работела и на регрутирање нови членови.