Сто и девет празни колички за деца беа поставени на главниот плоштад во Лавов во спомен на 109 украински деца убиени од почетокот на руската инвазија.
Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј на Твитер напиша: „Празните колички на плоштадот Ринок денеска ги симболизираат животите на малите ангели. Тие сега го бранат украинското небо наместо решителните акции на светот“.
Тој повика на затворање на небото над Украина.
– Ги повикуваме сите возрасни ширум светот да застанат како еден штит за заштита на украинските деца и да им дадат иднина. Повикајте ги владите на другите земји да го затворат небото над Украина, истакна Садовиј.