вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Средба во Варшава на земјите од форматот Б9

Средба во Варшава на земјите од форматот Б9

Во Варшава денеска ќе се одржи состанок на земјите од Б9 каде учесник ќе биде и американскиот претседател Џо Бајден.

Форматот на политичкиот дијалог ги обединува земјите-членки на НАТО Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка, Унгарија, Чешка, Полска и Бугарија.

Во фокусот на разговорите се очекува да биде зајакнувањето на источното крило на НАТО, на што се обврзаа САД по почетокот на војната во Украина. Ќе се разговара и за можностите за зголемување на меѓународните бригади кои беа создадени како средство за подобрување на безбедноста во земјите во непосредна близина на Русија.