91-годишен Австралиец преживеал несреќа со параглајдер и поминал со само неколку гребнатини и модринки после пад во океанот.
Овој параглајдерист во неделата навечер од океанот бил извлечен од страна на жителите од местото Варивуд, северно од Сиднеј.
Брзата помош која била повикана на местото на настанот го прегледала мажот и утврдила дека има само неколку гребнатини и модринки.
Името на искусниот авантурист не било објавено, но медиумите објавиле фотографии на кои се гледа како тој оди преку карпите со помош на спасувачите, а левата нога му е во завои.