понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Статистика која ќе го вознемири секој човек: Во светот секое десетто лице ГЛАДУВА!

Статистика која ќе го вознемири секој човек: Во светот секое десетто лице ГЛАДУВА!

Во светот секое десетто лице гладува, а коронавирусот ја влоши состојбата.

Пет организации на Обединетите нации повикаа на итно делување. Тие се вклучени во подготовката на Светскиот извештај за храна, вклучувајќи ги и Организацијата за помош на децата (УНИЦЕФ) и Светската здравствена организација (СЗО).

Заклучокот е дека коронавирусот брзо им ги смени животите на многу луѓе на Земјата затоа што ги изгубија работните места, а истовремено се зголемуваа цените, особено на основните животни намеринци.

Повеќето од гладните луѓе живеат во Африка, каде има најголем раст меѓу бројот на гладни, по што следуваат Азија, Латинска Америка и Карибите.