Стејт департментот денеска оцени дека е утврдено оти Русија „неправедно го привела“ новинарот на Волстрит џурнал, Американецот Еван Гершкович, оценувајќи дека обвинувањата за шпионажа се лажни и дека се работи за политички случај.
„Секретарот Ентони Бленкен денеска утврди дека Гершкович е незаконски приведен од Русија“, се наведува во соопштението.
– Новинарството не е злосторство. Го осудуваме Кремљ за неговата континуирана репресија врз независните, слободоумни луѓе и руската војна против вистината, рече еден од портпаролите на Стејт департментот Ведант Пател.
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) на 30 март објави дека Гершкович е уапсен под обвинение за собирање доверливи информации за руска воена компанија.
Волстрит џурнал негираше дека Гершкович се занимавал со шпионажа, а Белата куќа ги нарече „смешни“ обвинувањата за шпионажа, кои во Русија се казнуваат со затвор до 20 години.
Инаку, Блинкен и претходно го осуди притворањето на Гершкович под обвинение за шпионажа,. – Според мене, нема сомнеж дека тој е неправедно приведен од Русија, изјави претходно Блинкен. Но, Стејт департментот сепак го спроведе процесот за утврдување на фактите и денеска соопшти дека немало основа за негово приведување.