Американскиот Стејт департмент им препорача на своите граѓани што се наоѓаат во Русија веднаш да ја напуштат државата.
„Американските граѓани треба веднаш да размислат за напуштање на Русија преку комерцијални опции што се уште се достапни“, соопшти Стејт департментот.
Тие претходно ги повикаа американските граѓани да не патуваат во Русија. (МИА)