Главниот град на Нагорно Карабах,Степанкерт, ноќеска бил гранатиран повече пати, првпат од стапувањето во сила на договорот за прекин на огнот, што почна вчераутро во 10 часот по средноевропско време.
Тасс јави дека во градот се слушнале повеќе од 10 експлозии и сирени за воздушен напад.
Договорот за прекин на огнот беше постигнат вчераутро во Москва од министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, во присуство на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.