вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СТО на 15 февруари ќе го избира новиот директор

СТО на 15 февруари ќе го избира новиот директор

Светска трговска организација (СТО) соопшти дека на 15 февруари ќе го избере новиот генерален директор и членовите на главните тела надлежни за донесување на одлуки.

Експертите предвидуваат дека на водечката функција во СТО ќе биде именувана поранешната министерка за финансии на Нигерија, Нгози Окоњо-Ивеал.

Доколку биде постигнат консензус Окоњо-Ивеал ќе биде прва жена и прва Африканка директорка на СТО.

СТО во која членуваат 164 земји, остана без директор откако Бразилецот, Роберто Азеведо поднесе оставка од функцијата една година пред истекот на мандатот и ја напушти должноста на почетокот од август 2020 година.

Наследникот на Азеведо ќе се соочи со предизвиците – реформирање на СТО, преговори во момент на растечки протекционизам, длабоката рецесија предизвикана од пандемијата со Коивд-19 и трговски тензии, пред се помеѓу САД и Кина.