Овие денови Америка можеби ја доживува најстудената зима во поновата историја.
Температурите се спуштија толку ниско што можеби оваа видео снимка е доказ дека таму навистина е како на северниот пол.
Имено едно момче со дрон го снимал заледениот океан и залезот на сонцето во близина на плажата „Old silver beach“ во сојузната држава Масачусетс.
А откако видеото го прикачил на Јутјуб тоа било прегледано близу милион пати и станало вистински хит поради храброста на овие луѓе да стојат далеку од копното среде океанот, погледнете.