Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во Брисел изјави дека руската агресија „ја менува играта“ и дека организацијата ќе ја зајакне воздушната, морската и сајбер одбраната, како и дека ќе користи технолошки пософистицирани војници на териториите на земјите-членки.
Столтенберг навести дека трупите на НАТО во иднина ќе бидат задолжени за директна одбрана на одредени земји, а нема да бидат во општи должности како досега, што ќе им овозможи побрзо да реагираат.
Тој повтори дека НАТО „е посветен да обезбеди се што е потребно за да се зачува правото на Украина на самоодбрана“ и најави дека организацијата ќе распореди повеќе војници на своето источно крило.
Говорејќи во Брисел, генералниот секретар на НАТО ја осуди „немилосрдната војна за трошење против Украина што ја води Русија“ и додаде дека НАТО планира сеопфатен пакет помош за Украина за да може да премине од оружје од советската ера на оружје на НАТО.
Осврнувајќи се на изјавата на папата Франциско дека војната во Украина „можеби некако е испровоцирана“, Столтенберг изјави дека НАТО е одбранбен сојуз и посочи дека „Путин и Москва се одговорни за оваа брутална агресија“,пренесе Аваз.ба.