недела, 21. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоперот одби понуди за трансфер, Барса му се закани со отказ

Стоперот одби понуди за трансфер, Барса му се закани со отказ

Самуел Умтити со ред ги одбива понудите кои пристигаат до Барселона за негов потенцијален трансфер.

Стоперот веќе одамна не е во плановите на клубот, поради проблемите со повреди падна во втор, можеби и трет план, па затоа Барса сака да го продаде. За него се интересираа клубови од Турција, а негов „фан“ беше и Тотенхем, но играчот веднаш ги одби понудите. Барселона е очајна да го намали платниот список и да ги растерети финансиите бидејќи клубот е во криза. Умтити нема во план да замине иако не игра редовно, а каталонскиот тим има решение.

Имено, според најавите од Шпанија, Барселона е спремна да му врачи отказ на Умтити, а притоа да му ја исплати договорената отштета. Доколку клубот не успее да пронајде правен и легален пат да го раскине договорот со Умтити, тој ќе остане бидејќи има договор до 2023 година.

Стоперот пристигна како голема надеж во 2016 година од Лион за 25 милиони евра, одигра 132 натпревари и беше навистина добар. Сепак, откако почнаа проблемите со повреди, Умтити повеќе не е добра опција за клубот и е на излезните врати.