Повеќе од 500 лица се приведени во индиската држава Кашмир на последниот обид за сузбивање на опозицијата, откако централно-десничарската влада во Њу Делхи ја отповика автономијата на регионот.
Универзитетски професори, бизнисмени и активисти се меѓу 560 уапсени и однесени во новоотворените центри за притвор. Некои од уапсените се извадени од своите домови за време на полноќните полициски операции во градовите Сринагар, Барамула и Гуес.
Одлуките за притвор се случуваат во моменти кога се очекува радио обраќање до нацијата од страна на премиерот Нарендра Моди, кој мора да ја објасни одлуката на неговата хинду-националистичка влада да го отповика 70-годишниот специјален статус на регионот.
Десетици илјади индиски војници воведоа строг полициски час – кој вклучува: без пристап до Интернет и мобилни комуникации и наметнување ограничувања во сообраќајот, кои обично се преполни со туристи.
МИА