Шест лица загинале во тешка сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Монтана, пренесува АП.
Се судриле 21 возило, а од полицијата велат дека причина е песочна бура.
– Дуваше силен ветер и предизвика песочна бура, а видливоста беше никаква, изјави полицискиот наредник Џеј Нелсон.
Иако патролата на автопатот не ги изброила веднаш повредените, Нелсон рече дека морале да повикаат дополнителна брза помош од градот Билингс.
A dust storm led to a massive pileup on a Montana interstate. https://t.co/BKUKBYLeJl pic.twitter.com/Fl00rGS9sf
— USA TODAY (@USATODAY) July 16, 2022