Во текот на ноќта, тешко невреме ги погоди некои делови од Австрија, а некои места се целосно потопени, како што се Халајн и Куфштајн.
Властите на покраината Салцбург ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови и да не се задржуваат во гаражите и подрумите, како и да не се приближуваат на реките.
Во покраината Тирол, пожарникарите има полни раце работа борејќи се против поплавата и големи одрони, а на територијата на општината Куфштајн, река од поројните дождови ги носеа автомобилите.
Местото Келхсау поради поплавените патишта, остана отсечено од остатокот од земјата, а во тоа мало место се одржа градски фестивал, како резултат на кој беа пронајдени околу 80 лица од соседните градови.
After heavy floods in Germany, Belgium and Netherlands – now Austria 👇👇
“This is the climate crisis unravelling in one of the richest parts of the world — which for a long time thought it would be “safe”. No place is “safe” any more.”~ @Luisamneubauer pic.twitter.com/Ql41AiM4Q1
— Daniel Moser (@_dmoser) July 17, 2021
Во Итера поради изливање на реките бил евакуиран еден летен камп.
Невремето ги изненади и еден брачен пар во покраината Корушка, кои не можеа да се вратат на дното на планината во Малница поради одрони, па полицијата морала да ги евакуира со хеликоптер.
Во Виена силниот дожд предизвика поплави во некои делови од градот.